Денеска на 8 Септември-Денот на независноста на Република Македонија под мотото „Чувајќи ја традицијата создаваме иднина“ во дворот на црквата Свети Петар и Павле во Смилево се одржа Прва годишна конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ“.
На конференцијата свое обраќање имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за значењето на оваа внатрепартиска организација како за партијата така и за Македонија.
Тој во контекст на конференцијата преку сопцијалните мрежу упати своја порака прекус социјалните мрежи чиј текст го пренесуваме во продолжение:
“Ми претставува особена чест и задоволство што од пределите на славното Смилево ја одбележивме Првата конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.
Нека е честито и нека е долговечно постоењето на Унијата која, иако е новоформирана во себе ги содржи зрелоста, знаењето и традицијата кои треба да го водат ВМРО-ДПМНЕ низ сите бури и искушенија. Тие темели го издржаа најголемиот тест, тестот на времето кое кон никого не било дарежливо, а најмалку кон оние кои во срцето, разумот и во своето битие ја носеа Македонија.
Бидете горди, бидете исправени, со пркос, ум и знаење да одговориме на сите искушенија. Сплотени и заедно. Македонија е нашето сѐ. И болка и радост, и пркос. Нашето минато и нашата иднина. Ние одбравме да се бориме и да победиме. Македонија е нашиот заеднички дом. Наше семејство. А од него нема ништо повредно”
-напиша Христијан Мицкоски на својата фејсбук страна.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје