Најпопуларната брачна двојка Анџелина Џоли и Бред Пит и официјално се разведе – пишуваат американските медиуми.
И Двајцата се бореа за старателството врз нивните шест деца, но судот одлучил дека официјален старател е Анџелина, но Бред добил детален план за поминувањето на времето со децата.
Анџелина и Бред се запознаа во 2005 година, на снимањето на заедничкиот филм „Господин и госпоѓа Смит“. Во тоа време, Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон, од која по неколку месеци и се разведе поради Џоли, а една година подоцна Анџелина и Бред објавија дека наскоро ќе го добијат своето прво биолошко дете, а осум години подоцна, во 2014 година одлучија да се венчаат.
Тие имаат шест деца. Најголемиот е Медокс и има 17 години, Пакс има 14, Захара 13, Шило има 12, а близнаците Вивиен и Нокс имаат по 10 години.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Оваа ретка фотографија на Принцезата Дајана, содржи нешто што фотографот отпосле го воочил
Сѐ е подготвено за концертниот јубилеј на ДРИМ ТИМ – 25 ГОДИНИ МУЗИКА
Сите што пропуштија да земат билет за првиот распродаден концерт на Суперхикс, еве нова можност со втор закажан концерт