БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се уредува кругот на Општата болница во Кочани: нови зелени површини, паркинг-места и подобрено осветлување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и министерот за здравство Азир Алиу одржаа прес-конференција на која ги соопштија активностите за уредување на дворната површина и кругот на Општата болница – Кочани.

Градоначалникот Грозданов истакна дека целта е Општата болница во Кочани да добие нов и поуреден изглед, со подобрена функционалност за пациентите, вработените и возилата.

– Во соработка со КЈП „Водовод“ се реализира расчистување на обраснатата вегетација со цел да се уредат зелени површини и да се отвори простор за нови места за паркирање на три локации во болничкиот круг. Со овие активности ќе се овозможи подобар пристап до болницата, особено за возилата на Итната медицинска помош – истакна Грозданов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој додаде дека е целосно поправено и јавното осветлување во кругот на болницата, кое подолг период било нефункционално.

Министерот за здравство Азир Алиу ги поздрави видливите резултати од зафатот што го иницира и реализира градоначалникот Грозданов за подобрување на надворешниот изглед на болницата.

– Инфраструктурата е еден од трите главни столба за враќање на довербата на граѓаните во здравствениот систем – нагласи Алиу.

Директорката на Општата болница, Катерина Паниќ Мирчовска, информираше дека активностите ќе се реализираат етапно, а граѓаните ќе бидат навремено известувани за текот на работите, со цел да се избегне сообраќајниот неред. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace