БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шарената револуција никогаш не згасна: Истите шарени револуционери денес се обидуваат да ја украдат тагата на цела една нација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Зад нас е најголемата национална катастрофа во поновата Македонска историја. Ефектите и потресот кој го предизвика се далекусежни и институциите на државата веќе имаат полни раце работа во утврдување на причините и најважно одговорноста за катастрофата во Кочани.

Со експресна и ефикасна акција на надлежните државни органи лоцирани се над 30 индивидуи со име и презиме како осомничени лица за одговорност на немилиот настан, со веројатно проширување на оваа листа со дополнителни имиња што за првпат во Македонската историја е случај што се случува како одговор на државата на вака сериозен настан.

Деградацијата на институциите предизвикана од поединци длабоко инволвирани во самиот систем е системски дефект кој што во огромна мера беше инициран, стимулиран и продуциран од ненародната власт на седумгодишното владеење на Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Впрочем самиот начин на владеење преку свесно и брутално газење на процедурите и законите од страна на функционери на СДСМ и ДУИ беше основоположен со брутално насилие по Македонските улици преку т.н. Шарена Револуција која преку општа дестабилизација зададе сериозен удар на институциите во 2016 и 2017 година. По превземањето на власта од страна на СДСМ на чело со Зоран Заев деградацијата на институциите продолжи со длабока партизација на самиот административен апарат, но и со намалување на ефектите на закоитото работење од веќе постојните административци преку разно-разни политички и институцонални притисоци преку тргување со влијание. Институционалниот притисок врз граѓаните кои гласно говореа за аномалиите на работењето на СДСМ и ДУИ исто така беше одлика на тоа време кое овозможи суштинско распаѓање на односите во државата.

Секој еден граѓанин на Македонија е повеќе од свесен за негативните ефекти на оваа Шарена Револуција која отвори пат на СДСМ и ДУИ да владеат 7 години со сите штетни политики од кои најштетната беше промената на името на Република Македонија и обидите за бришење на Македонскиот национален идентитет.

Денес истите ликови од таа Шарена револуција тогаш се обидуваат да ја “украдат” тагата на цела една нација завиткана во црно. Методот е исти, сретствата и начинот се исти, иконографијата е иста, исти слогани, пароли, па дури и центрите за обука се исти… Намерата е преку инфилтрација во мирни граѓански собири да се киднапира револтот на граѓаните и да се инструментализира за предизвикување дестабилизација преку хаос на улиците за да се факторизираат опозициски политички фактори кои се во длабок пораз- грогирани од ударот на граѓаните на последните парламентарни избори.

Сега некаква граѓанска иницијатива пишува свои соопштенија на инстаграм, кои ги афирмираат во јавност истите пропагандни мегафони кои го следеа секој гест на насилство на Шарената револуција во 2016 и 2017 година.

Ваквото сценарио има за цел не само внатрешна радикализација во државата туку и придобивање на левичарско-либерална логистичка и медиумска поддршка од соседните држави и други странски центри на моќ.

Во тој контекст неминовно се поставува прашањето кој од странство има интерес да обезбедува логистика, обика, и секаков вид на поддршка на оние кои заговараат протести во Македонија?

Дали цената на таа поддршка е понатамошно бришење на Македонскиот национален идентитет во корелација со веќе потпишани договори од страна на владините функционери на Зоран Заев.

Дали цената на оваа поддршка е влез на бугари во устав и понатамошно бескрајно уценување на Македонија на нејзиниот евоинтегративен пат?

Македонските граѓани се повеќе од свесни за ваквите намери на овие изолирани групи на поединци кои што својата маргинализација можат само преку дестабилизација да ја променат во факторизација во државата.

Македонија во моментот како никогаш до сега и треба очигледна правда и одговорност. Над 30 осомничени лица се веќе дел од истрага што за разлика од претходни катастрофи кога бројот на одговорни лица е НУЛА, сигурно дава надеж и верба дека институциите на нашата држава ќе ја реализираат најпрофесионално оваа истрага и сите виновни ќе си сносат соодветна одговорност. Колку луѓе одговараа за пожарот во Модуларната болница во Тетово? За Ласкарци? За Беса Транс? За пожарите во Кочанско и Пијанец- Малеш во 2021 година, за поплавите во Делчево во 2023 година?

Оваа постапка на Јавното обвинителство ќе биде сериозен тест за луѓето во него кои се најнадлежни за процесирање на секое одговорно лице низ судска постапка до конечна одговорност. Силната мобилизација на ресорните министерства која беше направена во изминатите неколку работни денови за справување на ефектите од пожарот а пред се спасување на човечки животи, дава искра надеж дека оваа наша држава може да се реформира како вистински сервис на граѓаните. Ресорската истрага во различни министерства за системските аномалии кои со децении се провлекуваат и го тегнат нашето општество кон дното ќе биде исто така сериозен тест за капацитетот на политичкото водство во државата, што како политичка пределба можевме да го согледаме во изминатите неколку месеци преку реализација на голем број комплексни акции за сузбивање на ресорен криминал во највисокиот судски орган, во Лотарија на Македонија, во ЕСМ и енергетскиот сектор, наркобандите и организираните криминални групи ширум државата, во доменот на работата на Царинската управа и УЈП итн итн…

Во изминатите неколку месеци со превземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнаа да излегуваат на виделина огромни криминали како никогаш до сега. Процесирани се високо позиционирани судски органи, функционери од владата, директори на најголеми државни претпријатија и органи на управа…

А реформите во Македонија се во сам почетен стадиум. Некому овие реформи за спроведување на вистинска правда во државата кои ги спроведуваат надлежните државни органи, не му одговараат и затоа преку дестабилизација сака да го урне системот за да го врати во состојба која им одговара на таквите- криминалци.

Така што на Македонија која е обединета во потребата за правда и одговорност во моментот не и се потребни идеолошки поделби преку сеење хаос и безредија, туку сега е моментот кога треба да се покаже неприкосновен ред и поредок во државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace