БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шестмина починати од Ковит-19. Што се случува со системот за заштита на јавното здравје во државата?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство Венко Филипче пред малку ги соопшти поразителните податоци на состојбата со корона вирусот во изминатото деноноќие.

Во продолжение го пренесуваме во целост неговиот извештај:

“Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. – Скопје 35 – Куманово 12 – Штип 27 – Прилеп 1 – Тетово 7 – Гостивар 1 – Струмица 1 – Кочани 4 – Свети Николе 1.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Инфективната клиника почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во: – Скопје 2 – Прилеп 12 – Велес 3

Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.”

Креирано од:


Пренеси го гласот