БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штипјани живеат во кафези поради можни провали и кражби. Апел до полицијата да ги заштити граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во поддршка на своите сограѓани штипјани во јавноста алармира за опасностите на кои се изложени жителите на речиси сите периферни населби во градот. Станува збор за се почести појави на пробивање на домови и кражби во семејни куќи со што штипјани се изложени меѓу другото и на опасности по својот живот. Така во недостиг на ефикасна заштита од полицијата и органите, штипјани се принудени своите домови да ги градат со повеќе слоеви на мрежи при што сопствените дворови ги претвараат во своевидни кафези.

За ваквата ситуација градоначалникот на Штип Иван Јорданов во јавноста сподели и свое видео на кое се гледа алармантната состојба и сведоштва на граѓаните кои се чувствуваат небезбедно во своите сопствени домови.

“Живот во кафез!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Жителите од неколку улици во нашиот град секојдневно се заложници на криминални структури. Поради честите кражби истите се приморани да се снаоѓаат идивидуално за да ги заштитат своите имоти. Началникот на СВР Штип останува нем и без никаква заштита ги остава овие наши сограѓани. Наместо безбедност на граѓаните исполнува партиски агенди.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Јорданов при што сподели и видео:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace