БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штипскиот борец Далибор Богданов во пресметка со швајцарецот Патрик Селмер во ММА борба

Пренеси го гласот

Во саботата (14.12.2019 година) во Гранд казиното во Базел, Швајцарија ќе се одржи нова борба на штипскиот професионален борец Далибор Богданов.

Според ММА правилата во Бантам тежина од -61 килограм Богданов во рингот ќе се соочи со Патрик Селмер од Швајцарија. Ова ќе биде 5 борба на Далибор Богданов после двете аматерски и двете професионални борби кои ги имаше во изминатиот период.

Борбата меѓу двајцата борци е закажана за 20.00 часот а истата вечер фановите на овој вид на спорт ќе можат да погледнат 6 Аматерски MMA борби како и 7 УЈП ММС борби.

Настанот е организиран од екипата на HFC.

Креирано од:


Пренеси го гласот