При посетата на Полска во чии што рамки во текот на вчерашниот ден Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на комеморацијата на убиение Евреи во Аушвиц во текот на Втората Светска Војна, денеска имаше можност да го посети Лекторатот по македонски јазик кој што работи со традиција при Јагелнонскиот универзитет во Краков.
“Имав чест да го посетам Јагелонскиот универзитет во Краков – една од најстарите и најпрестижни високообразовни институции во Полска, каде што веќе половина век активно функционира Лекторатот по македонски јазик.
Во искрен и инспиративен разговор со славистите и македонистите од Полска, дискутиравме за нивната посветеност и долгогодишен научен и образовен ангажман во негувањето и промоцијата на македонскиот јазик.
Со гордост дознав за нивните активности и научни достигнувања, како и за резултатите од одличната соработка што ја остваруваат со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.
Нивната работа претставува вистински мост за културно, јазично и образовно поврзување меѓу нашите две земји, мост меѓу македонската и полската академска заедница, што истовремено придонесува за продлабочување на македонско-полското пријателство. ![]()
![]()
![]()
Од срце, благодарност до сите кои вложуваат во развојот на полската македонистика, а со тоа и во афирмацијата на македонската реч и мисла во меѓународната академска средина.
Нивната посветеност ги прави македонскиот јазик и култура уште посилни.”
-соопшти Претседателката Сиљановска Давкова во прилог на нејзината значајна посета на оваа јазична институција во Полска која треба да биде искористена во унапредување на односите меѓу Македонскиот и Полскиот народ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше интервју со м-р Александар Јорданоски- Директор на Национален конзерваторски центар Скопје: Чистината и автентичноста се големината на Разловечкото востание
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’