БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонското стопанство има нужна потреба од 250-те милиони евра обезбедени од владата за заживување на економијата и вработеноста

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од денеска ќе бидат ставени на располагање обезбедените 250 милиони евра директна поддршка на Македонските компании од страна на Владата што беше ветено во програмата.

Македонското стопанство кое како резултат на повеќегодишна истоштеност со години наназад е пред целосен колапс, со овие сретства кои што Премиерот Мицкоски и неговиот економски тим ги обезбеди под особено поволни услови за Македонското стопанство ќе добие силен импут за развој на проекти кои што ќе значат поконкурентна домашна економија и фирми кои ќе понудат зголемени плати и стандард за своите вработени.

Дисперзијата на 250 милиони евра пари пласирани преку Македонските банки под поволни услови за кои се избори Премиерот Мицкоски се наменети за развојни проекти што од една страна ќе значи подобрување на економските перформанси на самите фирми корисници, но од друга страна која што исто така не е помалку значајна ќе значи и раздвижување на капиталот помеѓу домашните кооперанти и партнери во домашната економија со што значајно ќе се зајакне ликвидноста на Македонските фирми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овие два значајни аспекти во втор план ќе допринесат за развој на јавниот сектор преку приходи во државниот Буџет што пак под палката на Премиерот Мицкоски ќе значи изградба на нова современа патна инфраструктура, болници, градинки, јавна комунална мрежа итн што пак е предмет повторно на поддршка на Владата преку дисперзијата на останатите 250 милиони евра наменети за проекти на општините.

Оваа историски можеби најважна инвестициска структура на посветеност на владините политики за директно подобрување на стандардот за живеачка на народот во голема мера зависи од операбилноста на државниот апарат и капацитетот на домашните приватни компании како и локалните самоуправи, но секако како национална политика на една влада е директна слика за решеноста за развој и просперитет на државата.

Со своја објава на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски за денес ја најави официјалната одлука со која домашните компании конечно ќе заживеат после подолги години на сузбивање на сопствените редови.

“Денес очекувам Владата да донесе одлука на домашните компании да се стават на располагање 250 милиони евра евтини кредити, по супер евтина каматна стапка од 1.95 што претставува историски највисока поддршка за домашните компании. Ова значи посилна економија, нови инвестиции, нови работни места!

Така Македонија станува повторно ваша!”

-напиша на социјалните мрежи премиерот Мицкоски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace