Дали со синоќешното интервју на Премиерот, медиумската сфера во Македонија добива на важност или пак на сопствена дискредитација.?
Квалитет на живот во една држава во голема мера може да се согледа само и единствено при директен контакт со граѓаните во било која населба, во било кое населено место (рурално или урбано) во еден обичен муабет со случајни минувачи.
За тоа не се повеќе надлежни медиумите затоа што се она што ќе го види јавноста во медиумскиот простор е половична-делумна слика на објективната стварност што е хендикеп за новинарската фела и трагедија за целото општество.
Улогата на медиумите да бидат совеста и разумот во државата од поодамна е разнишана со што сериозно е загрозена демократијата во државата, во услови на трка за ексклузивитет кој што врз основа на сензационализам малку води сметка за морал, вистина и објективност.
Да го имаш премиерот на Македонија на интервју кое што преку НАЦИОНАЛНИОТ СЕРВИС МРТ ќе го гледаат сите граѓани а притоа да не го прашаш на пример за актуелните Буџетски импликации кои што се трансферирани до сите министерства и државни агенции за подобрување на животот на граѓаните, е чин еднаков на злодело. Или пак да го прашаш пример за огромните реформи во енергетскиот сектор кој што во 2025 година е можеби најважната карика за развој на Македонската општественост и потенцијал.
Дали во моментот е поважно како и на кој начин се операционализираат буџетските сретства на владата низ огромен број на проекти низ државата, или повторувањето на шпекулации, манипулации и лаги за сертификатот на еден директор (кој секако е на важна функција и треба да биде под лупа на јавноста, но не до недоглед), за кој сите досегашни законски и општествени норми велат дека нема прекршување на законите.
Наместо за релевантни и суштински теми, темите кои што беа наметнати од страна на водителот во синоќешното интервју во емисијата 360 степени со Премиерот Мицкоски која се емитуваше на МРТ, се однесуваа на одредени теми за кои што во минатите недели официјални лица на власта дадоа НЕКОЛКУ пати одговори во јавност и како такви требаше да бидат затворени. Овие теми по којзнае кој пат беа како такви повторно беа наметнати од страна на водителот, но и сега со уште поголем број на манипулативни индикации и шпекулативна реторика во форма на прашања.
Така очигледно новинарот избегнувајки ја најважната тема за која што е надлежен Премиерот а тоа е до каде е реализацијата на Програмата на владата со предвидената динамика и операционализацијата на парите на граѓаните, се занимава во интервјуто со теми кои што немаат суштинска важност во животот на граѓаните и тоа на шпекулативен начин со рекла-кажала наратив. Па овој наратив новинарот пред најмоќниот човек во државата ги става во улога на некакви замислени идеолошки проекции кои што единствено реално служат за себе-дискредитација на интервјуто во кое Премиерот одвоил време за да искомуницира со јавноста на државен медиум а наместо тоа публиката добива рекла-кажала муабет од сомнителни новинарски кругови.
Работата на медиумите во Македонија и тоа како е важна, НО….!
Новинар не е човек кој што во име на професијата манипулира со информациите кои ги пласира во јавност, без сестрана објективна аргументација и релевантност. Доколку за одредена информација што ја пласирате во јавност па макар тоа било и во прашална форма кон соговорникот кој сте го викнале на интервју не се води сметка за сите аспекти на самата информација и на кој начин таа може да биде протолкувана, тогаш ваквиот начин на комуникација со јавноста говори за квалитетот на самиот медиум и новинар кој го практикува овој начин на сегментарно пласирање на информации. Шпекулации од типот “така зборува јавноста”, или “доаѓаат информации од судството и обвинителството” или “кружат гласини во јавноста” се одликата на Адот во кој се наоѓа Македонското новинарство во услови кога треба да имаме меритократија и конкретна тежина на искажаниот збор.
Сериозно Премиерот Мицкоски и Министрите во Македонската влада врз основа на досегашното искуство треба внимателно да одберат каде и на кој начин ќе го трошат своето време, затоа што нивната работа директно се рефлектира во животите на обичниот граѓанин. Трошењето на време по интервјуа каде со шпекулации се наметнуваат теми кои немаат ама никаква суштинска рефлексија во животот на граѓаните е контрапродуктивно. Уште повеќе трошењето на време за прашања кои што по мал милион пати се одговараат во јавност за теми кои што при првиот одговор треба да бидат затворени. Со повеќекратно инсистирање од вакви новинари на едни та исти прашања за определена тема се доведуваат себеси до состојба на создавање на ефект на досада кон оние граѓани кои ги слушаат ваквите медиумски папагал-емисии.
Па понатаму продлабочено ќе видиме масовна појава на уште поголеми полувистини и полу факти извадени од контекст и релевантност за да изградат перцепција на идеолошка пополнетост во функција на политички номенклатури во државата.
Додека по 10 пат Премиерот Мицкоски одговараше на исти прашања со одземање на значајно време од неговото синоќешно интервју за неговата посета на Вашингтон, во Македонија се буџетираат проекти кои што треба да го подобрат животот на граѓаните.
Не дека темата за посетата на Вашингтон е небитна, но таа тема во иднина ќе се рефлектира на долг план во политичкиот живот во Македонија, па дури стигнат ефектите од нејзината плодотворност за Македонските граѓани оваа тема ќе биде истрошена и разводенета. Од аспект на меѓународна афирмација посетата на Вашингтон од страна на Премиерот е можеби најзначајната политичка активност, но таа како таква во моментот нема релевантност на суштинско прашање во државата кое се рефлектира врз животот на граѓаните кои се борат со егзистенција и влегува во поле на меѓународна геостратегија каде е очигледна вечната борба за превласт на левицата и десницата, што е небитно за егзистенцијата на обичниот граѓанин.
Македонскиот Премиер како и ВМРО-ДПМНЕ и целата владина коалиција се со јасни про-западни ориентации и наместо да се афирмира меѓународната положба на Македонија во корелација на власта на Доналд Трамп за подобро позиционитрање на државата во меѓународни рамки, што беше цел која што на очиглед на сите е постигната со посетата на Вашингтон, медиумски предатори оваа посета ја сведуваат на ниво на вербална расправија на двајца комшии на плет или дебата пред кооперација.
И во ваквото контрапродуктивно шпекулирање со прашања во јавност во емисијата “360 Степени” на отворена сцена во интервјуто ИСКУСНИОТ НОВИНАР кој го водеше истото со Премиерот Мицкоски, постави прашање за оправданоста на присутноста на Министерот Таравари, Спокерот на собранието Гаши или заменик министерката Викторија Трајков… што како тема дополнително поттикнува квази-медиумски шпекулации низ една неограничена верига на отупување на медиумскиот простор, контра вниманието и релевантноста во интерес на граѓаните.
Ете до каде е професионализмот и борбата за релевантност во ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ.
Очигледно Македонскиот медиумски простор уште има време за да се реформира самиот себеси и надградува во интерес на граѓаните кои што се повеќе кога видат вести на ТВ приемниците менуваат канал.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?
За живот после смртта