Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Радовиш.
Силјановска Давкова пред присутните граѓани истакна дека е загрижена од она што оваа влада го има направено за граѓаните во изминатите две години, потенцирајќи дека многу ветиле а ништо не направиле.
Од една страна сум среќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, вашите проблеми сите ние имаме увид во проблемите, меѓутоа од друга страна на сум толку тажна кога ќе слушнам што се не решено во овие две години и неколку месеци, а ветено, а со што се не се китат тоа се неверојатни работи, реле Силјановска.
Според нејзе иако СДСМ и Заев ветувале живот, не само што не го донеле дури и тој што го имале им го згоиле со лошите политики и лошиот начин на владеење, односно како што изјави таа на 21 април и на 5 мај ќе ги стигне демократската пресуда на народот.
На 21 април и на 5 мај ќе стигне демократската пресуда на народот бидејќи се обидовте да не измамите со живот, но не само што не донесовте живот туку и ни го загрозивте животот, истакна Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посебен акцент стави и на влезот на Република Македонија во НАТО, додавајќи дека влез во меѓународната органзиација НАТО не значи дека НАТО ќе интервенира во внатрешните односи.
Не убедуваат дека НАТО е на прагот и дека тоа ќе значи крај на безбедносните проблеми иако сите ние знаеме дека НАТО никогаш не интервенира во внатрешните односи. Не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата и да се фалите дека сте зрели не само безбедносно, туку организационо, финансиски, туку ако сакате и стратешки со НАТО, далеку се тие од тоа. Затоа ќе треба силна работа за ние да станеме компатибилни стратешки финансиски со средства со инструменти со политики за да можеме да водиме не само регионална безбедносна политика туку и евроатланска безбедносна политика, вели Силјановска Давкова.
Таа објасни дека СДСМ и Заев залудно се обидуваат да го манипулираат народот дека промената на името е добра и дека е зачуван македонскиот идентитет, истакнувајќи дека со Преспанскиот договор со член 7 придавката македонски не може да стои пред република.
