Во понеделник, 03.11.2025 година во организација на ЈЛБ “Илинден” Делчево со почеток во 14.15 часот во Мултифункционалнит центар во Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа интерактивна работилница насловена како “Силата на една жена”.
Овој настан беше реализиран во рамки на активностите на библиотеката за одбележување на Розовиот Октомври.
Настанот го отвори Директорката на ЈЛБ “Илинден” Делчево Билјана Петровска која што ги образложи целите и мотивите за организација на еден ваков настан.
Потоа беа поделени симболични награди на ученици од СОУ “М.М. Брицо” Делчево кои што учествуваа на претходно објавениот конкурс од срана на библиотеката на споменатата тема.
Во врска со овој настан свое соопштение во јавноста упатија од ЈЛБ “Илинден” Делчево чиј што текст го пренесуваме во јавноста интегрално:
ЈЛБ„Илинден“-Делчево,го заокружи Розовиот Октомври, со доделување на наградите од конкурсот„Силата на една жена“,давајќи силна поддршка во борбата против ракот на дојката.
Настанот се реализираше во соработка со училишната заедница при СОУ„М.М.Брицо“,на иницијатива на Претседателот на училшната заедница,Искра Георгиевска, со цел да се поттикне свеста кај младите за значењето и поддршката што ја заслужува секоја жена која се соочува со оваа болест.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски, кои исто така упати силна поддршка до сите жени борци, кои ја добиле или сеуште со борат со карциномот.Присутни беа и неколку наши силни жени, кои ја победиле болеста и споделија свое искуство, а од стручен агол на темата, зборуваа и доктор Билјана Георгиевска – Психијатар и доктор Адријана Илиевска Велковски, ренгенолог.
На Конкурсот,учениците со своите творби ја пренесоа пораката дека женската сила,љубов и истрајност се неисцрпен извор на инспирација за сите нас. Комисијата за избор го направи слчедниот избор:
Првото место го освои Сара Ангелова
Второ место за Сара Тодоровска
И трето место и припадна на Ана Мавродиева.
Ментори на средношколците беа:Лидија Дамјанова, Весна Соколовска и Никола Јанакиев.
Честитки до сите!
Жената е тивка сила што го движи светот-нежна, а непокорна. Кревка, а непобедлива.
Денес сакавме да им оддадеме признаие на сите жени кои се во оваа борба, и на оние што ја добија својата битка, оствајки зад себе светол пример.
Вие сте нашата инспирација.Вие сте нашата порака дека животот вреди да се живее, дека љубовта лекува, дека верата чуда создава.
Вашата приказна не е приказна за болест, таа е приказна за победа, за човечност и непокорност.
Вие ни покажувате дека и кога телото слабее, душата можед да биде посилна од кога било.Дека секој ден е подарок, и дека секој здив е благодарност.
Драги жени, ви благодарам што ни ја покажувате вистинската сила на животот.Вашата храброст е наш патоказ, вашата насмевка е светлина, вашата борба е лекција за сите нас.
И затоа ти жено борец,стисни ја болката , стави црвен кармин,дотерај се и чекори, нека се тресе земјата под твоите нозе.Не гледај во убавата коса на друга жена со солзи во очи, твојата коса ќе биде поубава и гордо ќе се милува со ветерот еден ден.Не се плаши, оди на висока штикла, нашминкана, насмеана, твоите најблиски, твоето дете, сака да те гледа силна, самоуверена и насмеана.Насамеј се и мисли дека утре ќе биде прекрасен ден, не може тебе никој и ништо да те „изеде“ а најмаклу ракот.И не плаши се да зборуваш за маката, за болката, за неизвесноста.Има сеуше луѓе, има жени кои сакаат да го поделат твојот товар со тебе,кои сакаат да те ислушаат, поддржат и помогнат.Тука сме за секоја од вас.
Нека овој ден биде во ваша чест, во чест на силата на една жена.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите на овој настан.
Видео прилог од обраќањето на Билјана Петровска пред присутните на настанот:
На настанот пред присутните учесници се обрати и градоначалникот Иван Гоцевски кој што ги истакна своите лични заложби за унапредување на состојбата со оваа проблематика.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски во рамки на настанот “Силата на една жена” организиран од ЈЛБ “Илинден” Делчево
Понеделник, 03.11.2025 година, Мултимедијален центар во Спомен дом АСНОМ во Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бетонирани пристапни патеки во Кочани и во Оризари
Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани