Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта, искушенијата и трансформацијата на човековата душа.
Видеото започнува со апсолутна белина како симбол на почеток и невиност, но постепено се преобликува во маслинестозелена боја која носи двојна симболика – раст и обнова, но и хаос, несовршеност и непредвидливост. Во финалето, белината исчезнува, оставајќи ја сликата на хаотична убавина – живот обоен од искуства, емоции и страсти. И тогаш доаѓа дождот како прочистувачка сила што го симболизира новото раѓање.
„Бели ноќи“ носи урбан звук и текст кој отвора прашања: „Кој е тој што нема тајна, нема рана? Ти си мојот порок, моја мана.“ Текстот, чиј автор е Робин Зимбаков, е приказ на човечката слабост, но и на силата да се прифати сопствената автентичност. Музиката и аранжманот се со потписот на Панче Касапски, додека зад видеото стојат Крсте Шупев и Стефан Петровски.
„Филозофијата е јасна – животот не е создаден за да остане совршен и недопрен. Тој е создаден за да се живее, да се обои и да се преобрази. Трагите не се мани – тие се доказ за раст и идентитет“, вели Симона, која со „Бели ноќи“ уште еднаш ја потврдува својата способност да создава музика што ја надминува забавата и носи уметничка порака.
„Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона Поповска:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
По пријава на неговата 21 годишна ќерка уапсен 49 годишен жител на Свети Николе