Втор научен симпозиум за стандардизација на меѓународни психолошки тестови на тема: „Употреба на психолошки тестови во областа на предучилишно и основно образование во функција на унапредување на менталното здравје на децата во Република Македонија“ ќе се одржи денеска во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје.
Симпозиумот го организира психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања и е дел од циклусот презентации наречен „Научна среда“, кој се спроведува од неговото постоење.
Според организаторот, се очекува симпозиумот да ја покрене свесноста за важноста на правилната употреба на психолошките тестови во Република Македонија во предучилишното и основното образование, а со тоа и важноста за превенцијата и заштитата на менталното здравје на децата


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените