Без ни малку срам а уште помалку почит на законските одредби кои спречуваат злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, врвот на СДСМ кој што е одговорен за севкупните лоши состојби во државата во изминатите години, повтторно го прават она што најдобро го знаат: Како врвни коцкари играат на карта на кратко паметење на народот и манипулации кои што треба да им обезбедат продолжување на нивната ненародна власт на штета на државата и народот.
Во текот на вчерашниот ден поединци во врвот на СДСМ дојдоа на организиран настан за фотографирање и говори за промоција на изградбата на браната Конско кај Гевгелија, чија што градба е започната во време кога владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ и која што според тогашниот динамички план требаше да биде готовоа во 2021 година со 72 % помалку сретства од оние кои што потоа владата на СДСМ и ДУИ со пролонгирање ги потроши за нејзина изградба.
И за да манипулацијата биде максимална, врвот на СДСМ пробува да ќари политички поени на нефункционален проект кој што е далеку од неговата проектирана функционалност која уште години нема да биде ставена на располагање на земјоделците за кои е наменета.
Изградбата на браната Конско е дел од поширок проект за изградба на функционален хидросистем кој што е далеку од готов, но временскиот теснец на функционерите на СДСМ чиј што рејтинг постојано опаѓа во јавноста ги брза нивните напори за себе промоција во пресрет на изборите.
Дали народот на Македонија ќе подлегне на ваквите пропагандни манипулации останува да видиме во наредниот период, но потребата од поефикасна реализација на капиталните проекти како што е овој незавршен хидросистем кој што со години се плетка низ фиоките на функционерите на СДСМ низ министерствата и владата е повеќе од голема.
Сликањето кај овој незавршен проект како и редица на други проекти кои служеа за манипулирање на јавноста со цел за добивање на политички поени од страна на СДСМ и ДУИ е вистинска лекција за граѓаните за безобразлукот на власта како обиди за криење на нивната неспособност и неработа но уште повеќе нивните злоупотреби и испумпување на јавните буџетски пари во приватни џебови.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст