БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Меѓународниот Аеродорм Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места, се вели во најновата анализа на специјализираниот веб сајт за авиосообраќај, “exyuaviation.com“.

За првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316 528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад Маѓународниот Аеродром Скопје е аеродромот со Белград со 267 илјади повеќе седишта или 100 илјади помалку од Скопје, а далеку зад скопскиот аеродром е аеродромот во Загреб со само 68 илјади повеќе понудени седишта во првиот квартал во 2026 година.

Ова е уште еден показател на одличните политики на Владата кои преку Министерството за транспорт се реализираат во насока на силен развој на авиосообраќајот во земјата. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За една година се воведоа 21 нова дестинација од скопскиот и охридскиот аеродорм, што говори за посветеноста за развој на цивилниот авиосообраќај, кој пак директно влијае врз туризмот и економијата во целина. 

Да потенцираме дека пред само два дена беше одбележан три милионитиот патник на скопскиот аеродорм што само ги потврдува одличните политики на Владата.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна вака поставените политики даваат одлични резултати, а очекува следната година бројките уште повеќе да растат. 

” Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала. Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200 илјади патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300 илјади патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3, 5 милиони патници. А тука е растот, оваа година имаме континуиран раст, Ако во Март имаме раст од 6 % раст, Април 9 %, Мај 8 %, Јуни 12 %, Јули 7 %, Август 9 %, Септември 8 %, Октомври 12 %, веќе во Ноември имаме 25 % раст споредено со минатата година што значи за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат на македонските аеродроми.  Се надевам дека в’година, ако не 4 милиони, барем 3, 5 милиони патници да прославиме тука од скопскиот аеродром”- изјави вицепремиерот Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace