БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СКОПСКО доби нова бренд – екстензија: СКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд – оригиналното СКОПСКО Нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.

СКОПСКО Нефилтрирано е резултат на долгорочен процес, во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазмот на вработените во Пивара Скопје, со што компанијата ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во земјата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Како компанија која е лидер на пазарот во пивската индустрија и која повеќе од 94 години живее и дише за потребите на нашите консументи, со овој нов производ во портфолиото на СКОПСКО уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија воопшто. СКОПСКО Нефилтрирано е само уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите врвни пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје. СКОПСКО Нефилтрирано со неодоливо балансиран вкус, е направено за оние кои не се задоволуваат со малку и секогаш бараат нешто ново и неочекувано. Тоа е одговор на оние кои очекуваат повеќе од вообичаеното и сакаат да го почувствуваат богатиот вкус во секоја голтка.

„Најновиот член на СКОПСКО семејството спаѓа во ‘craft’ категоријата на пива, што како термин во пивската индустрија претставува мајсторство за пиво со сопствени и уникатно развиени рецептури. СКОПСКО Нефилтрирано е направено со најдобрите природни состојки и 4,9% алкохол, по оригиналниот традиционален рецепт на СКОПСКО. Едиствентата разлика е во процесот на филтрација, која веруваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови на љубителите на пивото“, објаснува искусниот пивски мајстор и менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов. Дополнителен интересен податок е тоа што СКОПСКО Нефилтрирано има нестандардна етикета од хартија која целосно го покрива шишето, што дополнително ги збогатува неговите природни и автентични особини, меѓутоа истовремено не дозволува никаква пропустливост на светлината, со цел пивото да остане свежо што е можно подолго.

Новиот производ може да се купи во сите подобро снабдени малопродажни објекти почнувајќи од 15.05.2018, а истиот е достапен во стаклена амбалажа од 0,5 л, како и на точење во сите подобро снабдени локали.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace