БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за Бабина Баница 2018 година во Македонска Каменица

Пренеси го гласот

Општина Македонска Каменица во организација на Здружението на Пензионери ѝ оваа година ќе ја поддржи манифестацијата „Бабина Баница“.

По тој повод од Општината ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од оваа манифестација која се организира по седми пат во атарот на село Цера во Туристичко Манастирскиот Комплекс „Еленец“.

Овој настан, оваа година за прв пат прераснува во интернационален, кој ќе биде збогатен со учесници од соседните земји Република Бугарија и Република Србија.

Општина Македонска Каменица ги поканува сите љубители на Македонската култура и традиција да ја посетат манифестацијата на 3-ти Јуни (Недела).

Минатата година на оваа манифестација беа присутни над 6000 посетители од целата држава. Оваа година очекуваме уште поголем број посетители.

Креирано од:


Пренеси го гласот