Источниот регион е во очекување на еден од најдобрите културни настани кој се случува летниот период. Берово минатата година покажа дека е подготвено да дочека голем број на гости за големиот Ethno Square Festival кој се одржува викендот за време на христијанскиот празник Голема Богородица.
Програмата на фестивалот е специјализирана да може да задоволи различни вкусови а сепак да го запази препознатливиот идентитет на ЕТНО фестивал и да понуди квалитетна музика во која ќе уживаат голем број посетители. Оваа година на фестивалот ќе настапи балканската звезда Северина, а покрај неа ќе настапат Ансамбал Македонија, SHINE, Фолтин, Нокаут, Горан Алачки, Влатко Лозановски и танцовиот спектакал со кој ќе биде затворен фестивалот Fetish Dance Show.

За време на фестивалот Етно плоштадот во Берово ќе понуди здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири. На околу 50 штандови ќе бидат презентирани културното наследство и еколошки производи кои ќе ја зачуваат автентичноста на фестивалот.

Програма – 26 август 12.00 ч.
Голема сцена
Свечено отварање
– Дефиле на учесници од фолклорни групи Концерт на КУД Димитар Беровски
– 26 Август (20 ч – 02 ч)
Голема сцена Вечерни концерти на Етно Плоштад Фестивал Ансамбал Македонија/SHINE/Фолтин/Нокаут
– 27 Август (20 ч – 02 ч) Голема сцена Горан Алачки/Влатко Лозановски/СЕВЕРИНА/Fetish Dance Show
– 26 и 27 август (10ч – 21ч) Малешевијата на дланка- Саем на еколошки производи, сувенири и ракотворби
– 26 и 27 август (12ч – 16ч) Етно Матине – Плоштад
– 27 Август 16 ч. Голема сцена Интернационално танцово шоу Aris – Brazil Laylah – Brazil Jane- Australija Emily – Australija Paola- Brazil/Macedonia


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево