Вечерва во централниот дневник на вестите на СИТЕЛ ТВ свое гостување имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа на почетокот од своето интервју зборуваше за состојбата, борбената готовност и опременоста на АРМ за што соопшти дека сега АРМ е подобро опремено во споредба со времето од пред 5, 10, 15, 30 години…
“Во една реченица јас би рекла дека денес нашата армија е многу подобро опремена, модернизирана со посилни и поголеми капацитето од тоа што била пред 5, 10, 15 или 30 години кога практично е и формирана- јубилеј кој што сега го празнуваме. Меѓутоа прашањето е дали некој, ние или јас како министер или раководството на министерството и генералштабот сме задоволни од сегашната состојба? Јас би рекла дека не.
…Секаде има простор во армијата за подобрување и на капацитетите и на состојбите. И во однос на позицијата на припадниците на армијата во општеството меѓутоа и во поглед на дополнително опремување, зајакнување на капацитетите итн”,
-рече на почетокот од своето интервју министерката Петровска.
Понатаму во интервјуто Петровска зборуваше за донацијата на борбена опрема за украинската армија, планот за модернизирање на АРМ во 8 проекти итн…
Целото интервју во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава