БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Славева: Дали е точно дека авионите додека ги гаснат пожарите во Охридско мораат да се вратат на аеродром за да наполнат вода, наместо директно да наполнат вода од Охридското езеро?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ алармираше за редица на проблематични состојби во државата под контрола на СДСМ и Зоран Заев.

Во продолжение ја пренесуваме во целост нејзината прес конференција:

“Република Македонија изгоре во пожари, а директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски, човек од доверба на Зоран Заев, исто како својот шеф тера кампања и не го интересираат огромните штети кои ги трпат граѓаните и државата. Стотици хектари шума изгореа, а Џаферовски и Заев не покажаа никаков интерес да се справат со пожарите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денеска се наоѓаме пред Дирекцијата за заштита и спасување под раководство на СДСМ која е клекната на колена. Уништени се сите капацитети за справување со непогоди.

Сериозно загрижуваат информациите дека Дирекцијата за заштита и спасување располага со 6 пилоти, од кои само двајца можат да летаат. Загрижуваат информациите дека тројца пилоти немаат обука и не можат да летаат, а земаат плата веќе 5 до 6 месеци. Јавноста чека одговор за причините за катастрофалната реакција на авионите со кои располага ДЗС. Дали тие имаат расипан систем за автоматско полнење и заради тоа не црпеле вода од Охридското езеро, процес кој трае дваесетина секунди ? Дали е вистина дека заради несовесното работење на првите луѓе во дирекцијата, авионите додека ги гаснат пожарите во Охридско и околината мораат да се вратат на аеродром за да наполнат вода и да потрошат час и половина, наместо директно да наполнат вода од Охридското езеро?

Почитувани, месец март беше месец на пожари и пустош на шумите во Македонија, сведоци сме дека палењата продолжуваат и овој месец. Одговорноста има име и презиме. Тоа е Зоран Заев кој има поставено неспособен кадар на чело на ДЗС и неспособен министер за внатрешми работи кој не ги гони оние кои подметнуваат пожари. Одговорен е и неспособниот министер за земјоделие, но сите молчат, а шумата и селата во Македонија изгореа.

Одговорност мора да има за оваа ненадоместлива загуба за изгорени национални паркови, животни и села.

За почеток неспособниот директор, Аднан Цаферовски мора да си поднесе неотповиклива оставка.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace