Дали сте знаеле дека слоновите во присуство на помали и беспомошни суштества околу нив се однесуваат крајно емпатично и со огромна доза на внимание и заштита?
И покрај нивната огромна физичка големина слоновите се исклучително нежни и внимателни суштества.
Ваквиот заклучок може многу експериментално да се докаже доколку во близина на било кој слон се стават пилиња од кокошка околу нозете на слонот.
Во моментот кога слонот ќе ги забележи пилињата и нивното хаотично движење околу неговите нозе, тој ќе застане без ниту едно движење со нозете, внимавајки да не стапне врз пилињата.
Ваквата појава ја користат луѓето за транспорт на слонови во авион преку подолги релации, при што во просторот кај слонот пуштаат мали пилиња се со цел слонот да не се движи, за да не предизвика проблеми со рамнотежата на леталото.
Заинтригирани од ваквото чудесно однесување на слоновите, научници од оваа проблематика откриле нешто навистина ретко: постоење на издолжени нервни клетки налик оние во продолжениот мозок на луѓето кои се поврзуваат со само-свеста, емпатијата и сложеното социјално разбирање на околината. Вакви неврони се пронаоѓаат уште и кај луѓето, делфините и крупните примати-мајмуни
Леонардо да Винчи во своите дела пишувал за слоновите со длабоко восхитување, опишувајќи ги како праведни, разумни и темпераментни суштества. Тој ја опсервирал нивната достоинственост, скромност и грациозност во сè, од ритуали за бањање до навики во парењето и социјални интеракции на слоновите.
И можеби најдлабоко од сè, слоновите се познати по тоа што ги напуштаат своите стада за да умрат сами – така што помладите не мора да го сведочат нивното заминување.
Од сочувство. Од скромност. Од тивка достоинственост. Три ретки особености кои што светот особено во денешно време често ги заборава.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
Женственост, емоција и диско ритам – нов летен хит „Убав е“ на Сара Мејс
“Параходот” на класична фламенко гитарa на авторот Дарко Тасевски звучи безвременски епско. Најава за нов албум