БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Службеници во МВР се загрижени за капацитетот и карактерот на нивни колеги вреботени од страна на Оливер Спасовски

Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигнаа загрижувачки информации во врска со состојбите во кочанското МВР. Имено станува збор за професионалци во МВР во Кочани кои се загрижени за капацитетот и карактерот на свои колеги кои што биле вработени во време на министерувањето на Оливер Спасовски во изминатите повеќе години.

Како илустрација на причините за ваквата загриженост се споделуваат ставови изнесени во јавност од страна на поранешен активист на невладината организација СИВИЛ во кои што ова лице вели:

“Да даде Господ родителите кои платиле за да нивните деца се вработат в МВР на истите тие после неколку години да им бидат исплатени по неколку илади евра бидејки нивното дете го положило својот млад живот во одбрана на интересите и зачувување на националната безбедност во Македонија. Знам дека звучам злобно и колнам, ама ете, сакам да се случи Куманово пак и пак и пак”.

Ваквиот став на ова лице објавен јавно пред неколку години со право претставува загрижување за полицајците кои што денес откако ова лице носи униформа на МВР- вработено од страна на Oливер Спасовски, секојдневно треба да соработуваат со ова лице и да извршуваат доверливи работи на своето работно место.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот