БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сметката на АД Водостопанство блокирана а директорот Лимани праќа 12 вработени на екскурзија во Грција, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Додека над 600 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на истото е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денар, директорот Локман Лимани испраќа 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција.

Институциите не функционираат, земјоделците се целосно заборавени, нивите се оставени без систем за наводнување, директорот наместо да почне да ги решава проблемите, испраќа учесници на екскурзија во соседна Грција.

За срамот да биде поголем, Управата за јавни приходи на терен ги прибира податоците од возилата и багерите во сопственост на претпријатието,  се со цел преку заплена на истите, а потоа и нивна продажба да го наплати неисплатениот данок на АД Водостопанство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Само за информација, во септември месец, МЗШВ додели финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плата на вработените.

Ова претпријатие е загубар, а вработените го трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и Николовски.

Македонија тоне на секое поле, и на ова мора да се стави крај.

Бараме на следната седница на влада, итно разрешување на директорот Лимани и министерот Николовски кои се најодговорни за ваквото недомаќинско работење.

-реакција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ пренесена преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace