Кандидатурата на Александар Китански како градоначалник на општина Пехчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од самите граѓани со кои што тој како ветеринарен лекар се соочува секојдневно на терен. Неговиот ангажман како советник во Советот на Општина Пехчево му дава дополнителни аргументи и знаење за посмело да се впушти во решавањето на основните проблеми на жителите на Пехчево како градски татко во градоначалничката функција.
Александар Китански во интервју за порталот Курир зборува за катастрофалните пожари кои што го зафатија пијанечко-малешевскиот регион, за неговата визија каде во наредните 4 години треба да се движи општината Пехчево, како и проектите кои што тој како градоначалник ќа ги реализира во претстојниот период.
Во однос на прашањето: “Што се планирате како проекти за вашиот градоначалнички мандат?“
-Китански одговара:
“-Пред се да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест да работам во служба на моите сограѓани за да ја направиме Општина Пехчево подобро и помодерно место за живеење. Најпрво ќе се посветиме на решавање на горливите инфраструктурни проблеми како реконструкција на локалните патишта што ги поврзуваат околните населени места, улиците во градот и во селата. Ќе ја подигнеме хигиенета во општината на повисоко ниво со расчистување на дивите депонии и одржување на зеленилото. Ќе се регулира водоводната и канализациона мрежа на ниво на општина. Како локална власт ќе се трудиме да ги потикнеме малите и средни претпријатија да го зголемуваат својот обем со цел да обезбедат повеќе работни места за да се спречи иселувањето на младите. Ќе го промовираме Пехчево како прекрасна дестинација за планински туризам. Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари. Тоа е само дел од приоритетните проекти кои ќе се најдат во мојата програма за 4- годишниот мандат. Има да се кажува и пишува уште многу, но ќе оставиме и дел да го видат граѓаните во претстојната кампања”
-целото интервју со кандидатот за градоначалник на Пехчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Китански може да го прочитате на сл интернет врска тука.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани