БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со фотографија од машкото соборско оро “Копачка” од Пијанец, Премиерот Мицкоски го одбележа денешниот ден посветен на кодификацијата на Македонскиот јазик

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вечерва во Македонскиот народен театар се одржа свечен настан за одбележување на 80 годишнината од кодификацијата на Македонскиот литературен јазик.

На настанот присуствуваа високи општествени дејци од сите сфери на општествениот живот во Македонија а помеѓу присутните беа и Премиерот Христијан Мицкоски и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и Претседателот на Македонското собрание Африм Гаши.

Пред присутните во салата во МНТ се обрати Премиерот Мицкоски кој во својот говор ја образложи суштинската важност на чинот на кодификација на Македонскиот литературен јазик како еден од темелите на формирањето на Македонската современа државност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На социјалните мрежи Премиерот Мицкоски сподели неколку фотографии од самиот настан помеѓу кои се најде и онаа од играорците на машкото соборско оро “Копачката” кое што е еден од идентитетските белези на народот од Пијанец и планината Влаина.

Премиерот Мицкоски во врска со овој настан сподели и свој коментар на социјалните мрежи чиј што текст го пренесуваме во продолжение:

“Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик.
Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност.

Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски. Ѓорѓија Пулевски, Партенија Зографски, Шапкарев, Џинот, Мисирков, Коневски. Сите овие луѓе се грамадни големини кои ги поставуваат темелите на нашето идентитетско обележје, нашиот јазик.

Во 21 век судбината на малите народи е постојано да се потврдуваат, борат и држат до своето право на идентитетско обележување. Најмоќните пропаганди се тие кои удираат по идентитетските обележја. И неретко ние како нација сме ги имале таквите удари, а болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму, поради разно разни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас не потврдува како народ и нација.

Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, и јас како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на македонски. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца.

Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за мојот народ и за нашата татковина!”

-напиша на фејсбук Премиерот Мицкоски.

Целото видео од настанот во МНТ може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace