БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Религиозен, зависен од опиум, непријател на Британците во Хонг Конг… ова се неколку карактерни особини на господарот на боречките вештини Ип Мен кому Брус Ли му должи многу во однос на неговиот развој во еден од најславните луѓе на планетата.
Ип Мен од најмлада возраст со неговите 15 години во одбрана на жена нападната од британски полицаец го покажал својот вистински борбен дух против репресијата која ја трпеле во Хонг Конг неговиот народ. Со еден удар го раскрвавил лицето на нокаутираниот полицаец кој што ја малтретирал жената.
Ваквиот настан бил посведочен од повеќемина минувачи кои ја започнале легендата за Ип Мен помеѓу неговиот народ.

Мајстор на Винг Чу- боречката вештина која што се крие во основа на вештината која што ја пренесе безвременскиот артист на боречки вештини Брус Ли подоцна низ целиот свет во секој дом кој што имал телевизор.

Ип Мен е роден 1893 година во провинцијата Фошан во добро почитувано семејство. Винг Чу вештината на Ип Мен подразбирала комбинирана техника на одбрана и напад на противникот, ниски удари со нога и кратки тупаници, блокови и обезбедени позиции на став. Една од техниките на оваа вештина е Чи Сао која подразбира соперниците постојано да бидат во допир со предните екстремитети. По своето патешествие во Хонг Конг Ип Мен се вратив во родниот Фошан каде што тренирал единствено со блиски пријатели. Бил предизвикан од страна на мајсторот на стилот “Молитвена Богомолка” кој доаѓал од провинциите од северна Кина. ИП Мен со удар низ дрвена маса му скршил три ребра на предизвикувачот, што дополнително го формирал неговиот култен статус.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Многу кратко потоа Ип Мен станал началник на полицијата во родниот град. Постои кажување од сведоци дека криминалците ги разоружувал со еден брз потег вадејки им ја рамката со куршуми од пиштолите.

Легендата на ИП Мен е легенда за истрајност, легенда за непокор и бескрајна борба во која со мудрост вештина и знаење се совладуваат сите препреки. БРус Ли не би бил тој спортски и воопшто културолошки феномен доколку не постоел неговиот учител Ип Мен.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace