БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со велосипеди „По патеката на оризот“ – по повод Денот без автомобили во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ученици и граѓани од Кочани, со велосипеди ја поминаа патеката на оризот, симболично одбележувајќи го Денот без автомобили.

Во организација на Општина Кочани, а во соработка со МВР ОВР ПС Кочани, ОСБСП Кочани, велосипедистите појдоа од Градскиот плоштад и возеа преку селата Грдовци, Мојанци и Подлог. Учесниците во велосипедската тура на стартот ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов кој ги повика на почесто користење на велосипедите заради поголема физичка активност и подобро здравје. Со велосипедистите возеше и Јоже Јованов, поранешен десеткратен државен првак во велосипедизам.

Настанот се реализира под мотото на Европската недела на мобилност „Ајде заедно да го трансформираме секое патување и да обезбедиме мобилност за сите!“, согласно Програма за сообраќај на Општина Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со овој настан Општина Кочани по дванаесетти пат се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност, како водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност.

Креирано од:


Пренеси го гласот