БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Собрание на РМ: Младите имаат став – и идеи за промени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес учениците од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје учествуваа во едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.

Преку симулација на парламентарна расправа, средношколците презентираа предлог-решенија и ги бранеа своите ставови на три значајни теми: зголемување на учеството на младите во културниот живот, развој и промоција на туризмот во руралните средини и системско справување со врсничкото насилство.

За поголемо културно учество, учениците предложија младите да станат активни организатори на културни програми, со поддршка од училиштата, локалните самоуправи и културните институции. За развој на руралниот туризам предложија подобрување на патната инфраструктура и создавање веб-страница за промоција на туристичките места и следење на инфраструктурните подобрувања. Во справувањето со врсничкото насилство ја истакнаа потребата од безбедни канали за пријавување, навремена институционална реакција и поголема соработка меѓу училиштата и семејствата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нивната работа ја оценуваше комисија во состав: пратениците Фатмир Битиќи и Сергеј Попов, и Соња Стаменковска од Парламентарниот институт.

Честитки до учениците и нивниот ментор за подготовката и ангажманот! „Имам став!“ им овозможува на младите да развиваат критичко размислување, да аргументираат, да слушаат различни мислења и преку дијалог да бараат решенија за прашањата што ги засегаат

Извор: Собрание на РМ

Креирано од:


Пренеси го гласот