Сопственикот на социјалната мержа Румбл кој што е со Македонско потекло Крис Павловски преку социјалната мрежа “X” упати свој коментар во врска со злоупотреба на финансии на американските даночни обврзници преку фондовите на УСАИД за финансирање на корпоративни медиуми. За да злосторството кое го правела оваа организација под контрола на левичарската администрација на Џо Бајден биде поголемо јавните финансии биле користени и за напад на социјалните мрежи Рамбл и “X” со цел за воведување на цензура и ограничување на слободата на говор.
Ваквиот оркестриран напад на демократските вредности од страна на државните институции на САД под контрола на Бајден е сериозен удар на демократијата не само во САД туку и во целиот свет.
Со влезот на Доналд Трамп во Белата Куќа заедно со своите соработници ваквите злоупотреби почнаа секојдневно да излегуваат на површина за што новата администрација започна со имплементација на сериозни политички чекори за нивно сузбивање.
“Финансирањето на корпоративните медиуми од УСАИД е најголемиот скандал за 2025 година.
Во суштина, администрацијата на Бајден им плаќаше на медиумите преку УСАИД да ги нападнат оние како Румбл и Х, да се залагаат за цензура и да инсталираат сопствена влада во САД со напаѓање на опозициската партија,”
-напиша Крис Павловски на социјалната мрежа “X” а ваквиот коментар го потврди новиот шеф на одделот за транспарентност на институциите Елон Маск
Exactly https://t.co/vYqO4U7G1V
— Elon Musk (@elonmusk) February 5, 2025


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?
Македонското Литературно Друштво „Ванчо Николески“ Квинбијан-Австралија објави повик за учество во антологија на литературни автори