“Уште му се чудам. Врвен виолинист е. Светски. Живее во Германија.
Професор е на Универзитетот во Грац, Австрија и Цирих, Швајцарија.
И сепак, на мое барање, доаѓа да предава во Македонија, на Факултет за музичка уметност – Скопје. За смешен хонорар, на кој тукашните хонорарци се жалат.
Постојано во куфер. Патува, концертира низ цел свет.
Свири и виола.
И доаѓа во Македонија.
Си извади повторно и македонско државјанство. (*има германско, не добрососедско)
– Перцан, не те разбирам, зошто се мачиш?
– Зашто ја сакам Македонија.
Толку. Сонце”
-Коментар на Македонската композиторка и пијанист Дарија Андоновска упатен преку социјалната мрежа фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години