Температурата на водата во Охридското Езеро, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи изнесува дури 24 степени Целзиуосви. Нивото на Охридското Езеро изнесува 693,73 метри надморска височина.
Тоа е далеку над просекот за месец јули кој изнесуваше 693,58 м.н.в.. Изминатиот викенд Охрид беше преполн со посетители од Македонија како и надвор од државата. Гостите во голем број уживаа на плажите и во посетата на охридските знаменитости . Од денес следува промена на времето и благ пад на температурите проследен со пороен дожд.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ