Коцките се разместени! Македонските војници (иако без името Македонија на своите униформи) вежбаат рамо до рамо со 2000 американски војници на територијата на Република Македонија како дел од заедничката мултинационална воена вежба “Одлучен удар 21” на Македонска територија на воениот полигон во Криволак.
Стремежот на генерации Македонци за ефективно и фактичко воено сојузништво со САД се исполни со што е исполнета една од историски најважните цели на Македонската борба за независност а тоа е Македонскиот народ зад себе да има моќен светски политички фактор кој. Македонија воено е дел од НАТО Алијансата а во свет каде основниот двигател на политички процеси е интересот, Македонија со тоа е одлично позиционирана на страната на најмоќната држава во светот!
“Уште еднаш Криволак ги отвори своите порти за да овозможи сведоштво на посетители од високо ниво за тактичката демонстрација спроведена од учесниците на “Одлучен удар 21”. И покрај многуте попатни блокади и промени кои се должат на пандемијата со Ковит 19, “Одлучен удар 21″ продолжи и донесе заедно околу 2000 американски војници со армиите на Македонија, Бугарија и Грција на заедничката едномесечна воена вежба. Амбасадорот Кејт Брнз во придружба на претседателот Стево Пендаровски, Премиерот Зоран Заев, Министерот за одбрана Радмила Шеќеринска, Заменикот командантниот генерал за мобилизација на американската армија во Африка и Европа, Бригадниот генерал Џед Шартл, Шефот на Генералниот персонал на армијата на Македонија Васко Ѓурчовски, делегација од Вермонт, како и други воени и граѓански професионалци ја проследија демонстрацијата на големата по обем мултинационална вежба одржана во земјата од пристапувањето во НАТО алијансата.”
-напишаа на својата фејсбук страна од Амбасадата на САД во Република МАкедонија по повод заедничката воена вежба која се одржува на Македонска територија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар