Денеска на прес конференција од партиското седиште претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше за изминатите 4 години откако Зоран Заев стана премиер на Владата на Република Македонија.
Тој последните 4 години со кои се карактеризираа владеењето на Зоран Заев и СДСМ ги оквалификува како 4 години украден живот на граѓаните на државата.
“Први јуни 2017-тата година беше формирана првата Влада со мандатар Зоран Заев. Точно е имаше надеж кај народот за неговите ветувања. Но по четири години резултатот на сето ова е едно огромно разочарување. Никогаш не било лесно овие 30 години независност, но сега народот живее буквално најтешко. Оваа Влада ги сруши стандардите во политиката, ненормалното стана нормално, никој повеќе не очекува од Владата да решава проблеми, туку секојдневната е борба барем да не создава нови проблеми. И најважно од тоа е ако треба во кратки реченици да се опише ова четиригодишно владеење би кажал имаме четири години украден живот, украдоа четири добри години од животот на секој еден граѓанин, ги празнат џебовите на народот, но ја крадат и правдата заменувајќи ја со неправда. Четири години хибриден режим на мафијата на власт. Триесетина луѓе високо во власта одлучуваат за судбините на два милиона луѓе. Тесна клика од триесетина силно криминализирани типови ја имаат запоседнато целата држава, но и самата СДСМ,”
-соопшти Христијан Мицкоски како едно резиме на 4 годишното владеење на Зоран Заев.
Целата прес конференција може да ја погледнете во продолжение како и одговорот на новинарски прашања за актуелни политички прашања:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист