Поради најавата на Министерството за здравство дека ќе врши теренска вакцинација во основните училиште, сакаме да ви укажеме на определени законски прописи, кои се должни да ги почитувате, а во однос на вакцинацијата на деца во основните училиште.
Родителот е тој што одлучува, дали ќе го вакцинира неговото дете, и со која вакцина. Родителското право, пред се, е природно право. Законот за семејство во членот 45 став 1, само го потврдува фактот дека родителското право му припаѓа подеднакво на таткото и мајката. Тие се тие, кои одлучуваат дали нивното дете ќе се вакцинира, со која вакцина, и кога.
Поради тоа, согласно член 5,6,7,14 и 15 од Законот за заштита на правата на пациентите, родителите се тие што одлучуваат дали и кога ќе се изведе врз нивното дете определена медицинска интервенција, вклучувајќи ја и вакцинацијата, односно имунизацијата.
Вработените во основните училишта, потребно е истото да го знаат, и да го почитуваат. Ниеден вработен во основните училишта не смее да им застане на патот на родителите, и не смеат да постапат спротивно на одлуката на родителите, а во однос на нивното дете.
Поради тоа, вработените во основните училишта се должни да ги известат родителите кога ќе се врши теренска вакцинација во нивните училишта, а се со цел родителите да можат навремено да ги искористат своите законски права, а се со цел да можат навремено да одлучат дали ќе ги вакцинираат нивните деца. Исто така, Вработените во основните училишта, доколку од било кои причини не успеале да го известат родителот, дека во нивното основно училиште ќе се врши вакцинација, потребно е да спречат во децата да се вбризгуваат вакцини, односно да се вакцинираат, бидејќи родителот e тој, единствено кој може да даде или да не даде дозвола неговото дете да се вакцинира.
Апелираме до сите вработени, најпрвин, доколку се изврши теренска вакцинација во нивното основно училиште, да ги известат родителите, дека во нивното основно училиште ќе се врши вакцинација, и понатаму да ги следат инструкциите дадени од страна на родителите, односно доколку вработените во основно училиште не добијат дозвола од страна на родителите, да им укажат на лицата кои дошле во нивните училишта да вакцинираат, се додека не добијат експлицитна дозвола од родителите, вакцинација, во нивните училиште врз децата, не може да се изврши.
Било какво спротивно однесување, не е само морално казниво, туку и законски. Повеќе од потребно е основното училиште да има во предвид дека било какво дејание, кое е спротивно на одлуката на родителот, е кривично дело, за кое вработените може да одговараат, согласно Кривичниот законик на Република Македонија, со казна затвор која може да достигне до и повеќе од 10 години. Во конкретниот случај, вработените одговараат за Повреда на рамноправноста на граѓаните, понатаму, Злоупотреба на службената положба и овластување и Несовесно работење во службата, казниво по член 137,353 и 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија.
Со почит,
Здружение на граѓани за заштита на човековите права
“ Здравје со игла не влегува“
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата