Еден од создавачите на легендарниот фестивал “Вудсток”, Мајкл Ленг, потврди дека настанот со кој ќе се одбележи 50 годишнината од одржувањето на првиот “Вудсток” фестивал ќе се одржи летово.
Ленг ексклузивно за магазинот Ролинг Стоун соопшти дека тридневниот “Вудсток 50” ќе се одржи во Ваткинс Глен во Њу Јорк почнувајќи од 16-ти а ќе трае до 18 август оваа година.
Ленг исто така кажал дека за разлика од “Вудсток ’94” и катастрофалниот “Вудсток 1999” со кои се одбележа 25 и 30 годишнината од одржувањето на оригиналниот Вудсток фестивал, настанот ова лето ќе има слична етимологија како легендарниот фестивал од 1969 година.

Многу од фестивалите во модерното време се на некој начин сечачи на колачи. Многу малку од нив имаат социјално влијание и се пропуштена можност,
-изјавил 74 годишниот Ланг.
Вудсток во неговата оригинална инкарнација, беше навистина за социјална промена и активизам и тоа е модел кој го враќаме со овој фестивал. Тој е всушност собиралиште за забава, за возбуда, за искуства и за создавање на заедница, но тој е исто така на некој начин инструмент за инсталирање на енергија во младите луѓе за да биде слушнат нивниот глас.

Ланг исто така соопшти дека очекува повеќе обединувања на бендови кои свиреле на оригиналниот фестивал, но сепак инсистира на разновидност меѓу артистите кои ќе нестапат на овој настан да бидат и од постарите и од помладите генерации.
Потврдил дека веќе букирал повеќе од 40 бендови.
Билетите за “Вудсток 50” ќе бидат пуштени во продажба во Февруари а детали за распоредот на артистите кои ќе настапат ќе биде објавуван етапно.Роџер Далтри од легендарните “The Who” изјавил дека не може да се повтори атмосферата од оригиналниот Вудсток, затоа што Вудсток всушност била публиката а не изведувачите на сцената.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
БЕЛА НОЌ 2026 ВО СКОПЈЕ: ИГОР ЏАМБАЗОВ И „ГУРУ ХАРЕ БЕНД“, „ДОПАМИН“, ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА И УМЕТНОСТ НИЗ СКОПЈЕ
Аплаузи од џифонци за Дина Дума и „Скејтбордингот…“, денеска Ханис Багашов ќе го промовира „Кучињата немаат соништа“