“За секој запишан ученик во прва година од страна на Општина М.Каменица е обезбеден еднократен паричен додаток во износ од 20 000 денари”,
-стои во рекламата која што е присутна на социјалните мрежи пласирана од страна на надлежните во училиштето која треба да анимира што е можно повеќе основци да се запишаат во прва година средно образование во СОУ “Миле Јаневски Џингар”.
На социјалните мрежи веќе подолго време е присутна промотивна кампања на средните општински училишта за од регионот за запишување на што е можно повеќе ученици во прва година на различните профили на средно образование кои што ги нудат како образовни институции. Во тој контекст изминатиот период беа реализирани и поедини настани- т.н. отворени денови за идните ученици во средните училишта каде што се промовираа насоките и придобивките кои ќе ги добијат идните средношколци доколку се запишат во определено средно училиште во регионот.
Пред сите средни општински училишта во регионот лидер по привилегиите кои се нудат на учениците е СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица каде што се нудат мноштво привилегии за идните средношколци кои ќе седат во клупите на ова училиште.
Градоначалникот на општина Македонска Каменица посветува големо внимание во менаџментот на образованието во општината бидејки и самиот потекнува од редот на наставниот кадар кој што долг период има увид во сите предности и недостатоци во образовниот процес во локалните училишта. Поддршката на квалитетното образование и во иднина продолжува од страна на општина Македонска Каменица, најавуваат од кабинетот на градоначалникот.
Првиот уписен рок во средното образоване ќе биде на 14 и 15 јуни кога ќе може да се види дали и колку ваквите промотивни активности допринесуваат за запишување на ученици во што е можно поголем број во ова средно општинско училиште.






СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи