На отворената трибина пред граѓаните на Гостивар свое обраќање имаше и потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и Министер за внатрешни работи во владата на Зоран Заев.
Тој пред гостиварчани меѓу другото зборуваше и за тоа колку актуелната власт инвестирала финансиски сретства во Гостивар.
Спасовски истакна дека во изминатите години во Гостивар инвестирани се над седум милиони евра само во инфраструктурата, за да се развие и општината, но и и населените места во тој регион.
„За нас врвен приоритет е вложувањето во општините, врвен приоритет ни е локалниот и регионалниот рамномерен развој. Тоа го покажуваме со конкретни проекти. Го реконструиравме патот Гостивар – Колари, наскоро започнува изградба на патот Гостивар – Букојчани – Кичево, кога се работи за најмладите овде во Гостивар како централна власт вложивме во две градинки, а наскоро започнува изградба на уште една градинка со капацитет од околу 90 деца, за чија што изградба се чека само одобрение за градба“ порача Спасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти