БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Спротивставување и апел од Делчево да не се гласаат уставните промени од Пратениците во парламентот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Додека цела држава слави???? ние како свесни и одговорни Македонци во предвечерието на новата година, должни сме да го кренеме својот глас против Промената на името на Република Македонија.

-Вака започна разговорот со неколкуте граѓани на Делчево и припадници на Македонската дијаспора кои на студеното време во жолти елеци стоеја во црнилата на темнината пред споменикот на Гоце Делчев да ја изразат својата слобода на говор и сопствено мислење.

Целта на нашиот собир овде е да го искажеме нашиот револт, нашето несогласување со сите предвидени уставни промени и амандмани во Уставот.

-изјави Драган Стоиловски од Координативното тело на Македонската дијаспора од Европа, по што истакна:

Сакаме да го пренесеме бранот на Жолтите елеци-Македонски жолти елеци овде во Македконија.

Како граѓанин на општина Делчево, остро се спротивставувам на промената на уставното име на Република Македонија. Апелирам до сите пратеници во Македонскиот парламент да размислат уште еднаш што прават и како ќе гласаат на парламентарната сесија за уставните промени. Од пред споменикот на Гоце Делчев сакам да испратам апел, Македонскиот идентитет не е за распродажба и не треба да се менува. Македонското име треба да опстои, такво какво што го имаме наследено, од нашите претци.

Да продолжи и понатаму да живее.

-соопшти Кирчо Анастасов од Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace