Кафето е составен дел од нашите утра, но љубителите на кофеинот не секогаш се подготвени да пробаат и нешто ново и вкусно. Ова е правата комбинација за добро зачинето утринско кафе. Имајте прекрасен ден.
Потребни состојки:
- 120 милилитри кафе
- 200 грама ледени коцки
- 2-3 меки урми
- 1/2 екстракт од ванила
- Прстофат сол
Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса. Сипете го кофеинскиот шејк со урми во чаша и уживајте во вкусот!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Темната историја на Ирма Грезе: Хиената од Аушвиц
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска
ФЛУ Скопје со меѓуакадемската изложба „Нишки / Threads“ гостува во Белград