Денеска во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ се одржа средба меѓу раководството на партијата со Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
На средбата било разговарано за актуелната состојба ме меѓусебните односи меѓу Македонија и Бугарија во контекст на евроинтегративните процеси на нашата држава.
“Денес заедно со потпретседателот Timco Mucunski, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева, остваривме средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Ја истакнав загриженоста за европската интеграција на Македонија и побарав да се отворат преговорите без условувања.
Посочив дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет. Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.
Порачав Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.”
-соопшти Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со оваа средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации