Во рамки на денешната посета од страна на Филип Рикер на Република Македонија, високиот претставник на САД, оствари работна средба со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што разговараа за повеќе актуелни состојби во државата.
Притоа Мицкоски го упати следното соопштение од средбата:
Денеска остварив средба со помошникот државниот секретар за Европа и Евроазија,Филип Рикер.
На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава. Посочив дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Исто така посочив дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.
Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.
Ја истакнав важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Со господинот Рикер се согласивме дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации