БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од Потпретседателот Александар Николоски денеска остварија плодна средба со големата пријателка на Македонскиот народ пратeничката во хрватскиот парламент Маријана Петир.

На средбата биле афирмирани пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска како и можни теми за идна соработка.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Александар Николоски кое што тој го упати до јавноста во врска со оваа средба:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес имавме одлична средба со пратеничката во хрватското Собрание г-ѓа Маријана Петир, поранешна пратеничка во ЕП, основач на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот Парламент.

На средбата изразивме благодарност до Петир за досегашните заложби, посветеноста во промоција на интересите на Македонија. Дискутиравме и за пријателските односи помеѓу двете земји, но и за проблемите со кои се соочува Република Македонија во евроинтеграциите. Разговаравме и за сите најзначајни проблеми во државата како што се корупцијата и криминалот и злоупотребите на Власта.”

https://www.facebook.com/129897493841649/posts/1784285118402870/

Креирано од:


Пренеси го гласот