БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Марта”- нова песна на Стиховен Калибар и Дарко Тасевски-Тишка која носи многу топлина во овие студени јануарски денови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нешто многу човечно, многу духовно, преполно со емоција и сентимент.

Вака веројатно накратко би ја опишал секој еден музички фан роден во почетокот на 80-тите години на минатиот век новата песна “Марта” на Стиховен Калибар и Дарко Тасевски- Тишка која беше објавена утринава на јутјуб.

Музиката на песната “Марта” потекнува од време кога самиот музички израз имаше една многу поинаква вредност од денешната музика. Тоа беа времиња на многу непосредно дружење, комуникација и сосема еден многу поинаков начин на социјализација од овој денешниот. Тоа беа времиња на монументалност на секој еден тон на гитарата, кога се внимаваше многу што ќе биде отсвирено со нејзе. Музика без претерана комерцијална музичка индустрија, без монопол врз издаваштвото на музиката, со многу индивидуализам и пренесени искрени чувства на самите автори на музиката пренесени преку моќта на звукот до огромното море на музички аудиториум.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лириката на песната совршено ја формулира токму таа порака на интимно чувство на самиот автор, негова лична исповед пред неговата публика за идеал кој што се нарекува љубов. Љубовниот наратив во песната од тие причини тврдоглаво вели дека и покрај се’ љубовта кон саканата/от е она за кое што вреди да се бори секој еден човек. Таа “прекрасна Марта”, лесно може да биде нечија Марија, Софија, Ана, Стефанија, Тања, Александра…. лесно може да биде и некој Стефан, Христијан, Зоран, Тодор, Симе, Златко…. може да биде секој еден од нас имајки ја во предвид универзалноста на љубовниот порив карактеристиен на човечкото битие.

Оттука песната “Марта” е своевиден идеал на сето она што како луѓе ни е дадено од Бога а пополека изумира во налет на бездушноста на современиот дехуманизиран општествен апарат.

Затоа “Марта” слободно ќе ја прогласам за химна на човечките вредности, оние кои можат и мораат да опстојат. Химна на една љубов, пресликана во сечие срце ширум светот.

П.С. Певливоста на песната не е случајна…. таа е дело на мајстори на својот занает, кои што во денешно време треба многу повеќе да создаваат токму ваква емотивна музика која му недостига на денешниот студен свет.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace