Реформата на јавната администрација да се води инклузивно
Никој не е против реформи во јавната администрација. Напротив, проблемот е во тоа што тие се прават без вклученост на сите оние кои се засегнати од овој процес на законски измени.
Без да се повика на јавна дебата стручната јавност, синдикатите и сите останати засегнати страни да дадат свое мислење за законот, тој се пушта во собраниска процедура по скратена постапка со европско знаменце. Овој закон како што веќе и кажавме е спротивен на СИГМА препораките и му овозможува на функционерот, односно министерот сам да одлучува за додатоци на платите и унапредувањата на вработените во јавната администрација.“
Во целост ги поддржувам протестите на синдикатите заедно и повикувам на отворање на процесот за сите засегнати страни.
-соопштение упатено до јавноста од страна на дополнителниот Заменик Министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист