БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Трипуновски во Кочани на средба со градоначалникот и земјоделците кои мака мачат во својата дејност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на Кочани. Во рамки на посетата тој се сретна со кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов при што се запознал со актуелните состојби од интерес на земјоделците како и делот на ингеренции на ресорното министерство кои се однесуваат на водоснабдувањето како и состојбата со шумскиот фонд.

“Денеска сум на работна посета во општина Кочани, првата средба ќе биде со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

На оваа средба ќе разговараме за актулената состојба во руралниот дел од општината, во делот на земјоделството, проблеми и актуелни ситуации се со цел во иднина да понудиме решенија и конечна разрешница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исто така сакам да информирам дека во текот на денешнава посета на општина Кочани ќе остварам и посета на една компанија која што е од областа на земјоделството и крајот на денот ќе го завршам со средба со земјоделците од овој крај, со оризопроизводителите, и ќе разговараме за сите оние отворени прашања кои што ги имаат се со цел да имаме еден прогрес во целиот земјоделски сектор.”

-соопшти во врска со посетата на Кочани заменик министерот Трипуновски.

Во продолжение може да ја проследите изјавата која Цветан Трипуновски ја даде за јавноста по средбата со градоначалникот Љупчо Папазов:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace