Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Иван Гоцевски: Управните служби на МВР во Делчево не се виновни што нема таблици за тракторите

Пренеси го гласот

По алармот од пред два дена за недостиг на таблички за регистрација на земјоделска механизација во Делчево до мене стасаа низа од реакции кои укажуваат на тоа дека овој проблем засега поголема група на земјоделци и проблемот е поголем од тоа што првично претпоставував.

Имено укажува на тоа дека веќе 7 години се бориме против натпревар во лаги на хронично корумпирани лажговци!

И во очи на избори немаат нит слух, нит осет нит чувство за сопствениот народ , без кој и никогаш немаа да дојдат на власт.

“Господата” од власта во заминување на СДСМ и ДУИ говорат за високи политики и Европски Унии , а се тотално неспособни да набават едни лимени таблички за трактори , кој им се од исклучителна важност и потреба на граѓаните.

Дознавам дека земјоделците во Делчево веќе 4 месеци имаат поднесено во МВР-Делчево за таблички на своите трактори и до ден денес никако да им стасаат!

И пак ќе повторам дека недостатокот на истите не го гледаме во службите во Делчево кои се пријатни и услужливи луге и професионално си ја вршат својата работа.

bregalnickimarketing

Сомнежот е еднствено насочен во тоа, дали можеби провизијата која ја очекуваше еден истакнат високопартиски функционер на СДСМ од најверојатно неусогласените тендери со неговите желби, е причина за нов план за нарушување на угледот на техничкиот министер Панче Тошковски и префрлање на вина за процедура која уредно е започната уште пред 4 месеци од страна на граѓаните на Делчево.

“Господа” од СДСМ би сакале да веруваме дека токму е ова причината за овој проблем што го створивте на земјоделците во нашата општина, отколку да веруваме во вашата ужасна неспособност која и без тоа е повеќе од очевидна.

Ова што можеме до овој момент е да увериме е дека ВМРО-ДПМНЕ од моментот кога ова зло е на власт во Македонија , е со народот и проблемите на народот. Луѓето бараат помош од нас, и нивните апели кон ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат реализирани се до решавање на проблемот.

-Став на Иван Гоцевски: Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот