Се’ уште немаме добиено одговор од Министерката за одбрана Славјанка Петровска дали прифаќа да се соочиме на ТВ дуел на една национална телевизија.
Од интерес на вработените во МО е да ја презентирме вистината за блокадата од страна на СДС на законот за обештетување на семејствата на загинатите бранители и за носењето на Законот за вработените во одбраната за кој даваме целосна и недвосмислена поддршка.
*Додека чекаме одговор, министерката не мирува, туку распишува огласи во траење од само 3 дена за прием на персонал на Воената Академија во период на техничката Влада. Целта е да се згрижат своите партиски полтрони и послушници.
Е така, такви наметнати кадри по избор на Славјанка, ќе ги едуцираат идните наши НАТО офицери.
-реакција на пратеникот Драган Ковачки упатена преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист