Советничката Стефанија А. Јовановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Делчево во рамки на вчерашната прес конференција која се однесувана лошите состојбио во образовните процеси во Делчево, предложи повеќе проекти и мерки за подобрување на состојбите во гимназијата и двете општински основни училиште во Делчево. Ваквите предлози доаѓаат по години лошо и безидејно тонење на образованието во гимназијата и во основните училишта од страна на актуелните власти на СДСМ на локално и централно ниво во државата што резултира со масовен одлив на ученици од училишните клупи во Делечво.
Советничката Јовановска предложи серија на мерки за имплементација за подобрување на состојбите во СОУ “ММ. Брицо” во Делчево:
“Предлог-мерки за подобрување на работата на СОУ “М.М. Брицо” Делчево
-Иницирање и развивање на промотивни активности на менаџментот на гимназијата во Делчево:
-Спроведување на отворени денови за деветооделенците од Делчево како и за нивните родители, Отворени денови реализирани во соседните општини Берово, Пехчево, Македонска Каменица,
-Воспоставување на соработка со приватни компании за обезбедување на стипендии за идните средношколци во СОУ ММ Брицо,
-Воспоставуавње на систем за оценување на работата на наставниот и управниот кадар во СОУ ММ Брицо со цел за афирмација на нивните капацитети како и капацитетите на училишната инфраструктура во училиштето,
-Поагресивна промоција и унапредување на досега воведените мерки за стимулација на постигање на одлични резултати во образовниот процес кои се однесуваат на наградни патувања за најдобрите ученици, стипендии за најдобрите, поддршка при реализација на настани за ученички активизам итн,
-Воведување на систем за награди на наставниот кадар кој постигнува исклучителни успеси со учениците на државни и меѓународни натпревари,
-Воведување на систем за поддршка на настани од општествен карактер и афирмација на средното образование во Делчево,
-подобрување на воспитно-образовната услуга од страна на наставниот кадар и менаџментот на училиштето преку нивна специјализација- студиски посети и слично.
Нашата Гимназија Методи Митевски Брицо во Делчево заслужува подобри услови како за професорите така и за учениците. Заеднички со граѓаните на Делчево во наредниот период ќе обезбедиме реализација на сите напредни иницијативи и идеи кои што ќе допринесат за развојот на средното образование во нашата општина.”
Исто така од ВМРО-ДПМНЕ алармираат и за состојбите во основните училишта од кои само во ООУ “Ванчо Прќе” во Делчево бројот на ученици за пет години се намалил за 110 ученици помалку во училишните клупи.
“Основното образование во Делчево е еден од најважните сегменти во општествениот живот во Делчево. Во Основните училишта на најмладите делчевчани треба да им се проектира љубовта кон родниот крај и потенцијалните придобивки од живеењето дома. Младите во Делчево со актуелната власт ги живеат најлошите години од независноста на државата. За ваквата погубна реалност сведочат бројките на одлив на ученици во основното образование во Основното општинско училиште “Ванчо Прќе” како и во Основното општинско училиште “Св Климент Охридски” во Делчево.
Само во училиштето Ванчо Прќе во последните 5 години бројот на ученици е намален за повеќе од 110 ученици. Тоа се 4- 5 паралелки помалку што е рефлексија на погрешните политики на градоначалникот Горан Трајковски и неговата партија СДСМ која е на власт повеќе од 6 години во државата.
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во наредниот период жестоко ќе се заложи за имплементација на силни реформи во основното образование како и спроведување на мерки и политики кои што ќе значат поголема атрактивност и квалитет на основното образование како на локално ниво во Делчево така и во Република Македонија.”
-рече Стефанија А. Јовановска- Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево.
ВЦелата прес конференција на Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево и советничката Стефанија А. Јовановска може да ја погледнете во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски