По повод почетокот на учебната година за учениците во средното и основното образование во Делчево своја прес конференција имаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Во Делчево.
Иван Гоцевски-Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево алармираше за исчезнувањето на Делчево преку масовното исселување на делчевчани во странство со што драстично се намалува бројот на ученици во образовните институции во Делчево.
“Делчево пополека исчезнува. Катастрофално лошите политики на СДСМ во Делчево допринесоа за масовно иселување на граѓаните во странство.
На првиот училишен ден денеска со право градоначалникот Горан Трајковски не се појави во јавност, затоа што веројатно ги знае бројките на запишани ученици во делчевските училишта.
Од запишани 1461 ученик во трите делчевски училишта во 2020 година денес во гимназијата и во двете општински училишта во Делчево на настава тргнаа 1333 ученици.
Тоа е за речиси 130 ученици помалку за само 3 години!”
-алармираше Иван Гоцевски за лошата состојба во образованието во Делчево.
Притоа тој го прозва градоначалникот на Делчево Горан Трајковски како и неговата партија СДСМ за ваквата состојба во образовните институции во Делчево:
“Овој аларм е добар мотив за градоначалникот Трајковски како предводник на политиките на СДСМ во Делчево да не се појави денеска во јавност. Но уште поголем мотив за негова оставка на функцијата се севкупните лоши политики на него и неговата партија кои допринесоа за ваквата состојба.
Додека нашите деветооделенци бараат да учат средно образобание во некоја од престижните гимназии во други општини низ државата, нашата гимназија тоне во безидејност за привлекување на нови ученици.
Додека основни училишта низ Македонија секојдневно се тркаат со успеси и реализирани проекти, делчевските основни училишта заборавија кога последен пат реализирале проект за подобра настава за учениците.
ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и народна партија нема само за цел да го критикува лошото работење на актуелната антинародна и анти државна власт на СДСМ и ДУИ, туку заедно со граѓаните во наредниот период ќе го запреме ова тонење во сите сфери на живеење во Делчево и Република Македонија.”
рече Иван Гоцевски на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот од учебната 2023-2024 година.
Целата прес конференција на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево може да ја погледнете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис